Османи: Македонија е четврта во НАТО по глава на жител во однос на безбедносната помош за Украина

од Nikola Popovski

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, денеска изјави дека нашата земја е четврта во НАТО по безбедносната поддршка за Украина, по глава на жител.

На прес-конференцијата со шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок, тој посочи дека Северна Македонија „од првиот ден има недвосмислен став во осудата на неиспровоцираната и неправедна руска агресија врз Украина“.

„Не само што веднаш почнавме со воена и хуманитарна помош, туку и Северна Македонија е на четвртото место во НАТО по глава на жител во однос на безбедносната поддршка дадена на Украина. Исто така, се приклучивме на сите 10 пакети санкции на ЕУ и како земја-кандидат сме 100 отсто усогласени со политиките на Унијата“, рече Османи.

Слични содржини