Откако Спасовски објавени дека се уапсени две лица, формирана нова група насловена „Јавна соба“

Непосредно по објавувањето на информацијата дека се уапсени две лица за случајот „Јавна соба“, администраторите на групата, отворија нова.

Имено, групата почнала да се полни со една иста порака во која стои информација дека е направена нова група, во која администраторот повикува да му се пишуваат приватни пораки за да им ја испрати истата.

За потсетување, претходно и премиерот, Зоран Заев се огласи на својот фејсбук профил, преку кој објави дека извести дека испратиле категорични барања до Телеграм, да ја избрише групата, и дека доколку не се случи тоа, таа социјална мрежа ќе ја забрани за територијата на С.Македонија.

Слични содржини