Актуелно
Почетна / TOP NEWS / Откриен атентаторот на Стојановиќ: Велосипедист кој се наоѓал во близина го разнел џипот!

Откриен атентаторот на Стојановиќ: Велосипедист кој се наоѓал во близина го разнел џипот!

Експлозивната направа поставена под џипот на Страхиња Стојановиќ (30), кој беше убиен во неделата во Нов Белград, најверојатно ја активирал велосипедист, кој бил во непосредна близина, ексклузивно дознава српски Курир.

Тој бил снимен од камери.

– Прегледана е снимка од безбедносните камери од околните згради и е проверено движењето на сите минувачи кои биле пронајдени во близина на улицата бригада Омладинских за време на експлозијата. Истражителите најмногу ги привлекуваше човек облечен како професионален велосипедист, кој беше снимен додека минуваше недалеку од местото каде што беше разнесен Стојановиќ – открива изворот за Курир од истрагата, кој тргнал од блокови на Нов Белград во правец на реката Сава.

loading...