Откриен идентитетот на брутално убиениот Украинец кој умре извикувајќи „Слава на Украина“

од Stefanija Kuzmanovska

Познат е идентитетот на човекот кој беше убиен од руските воени сили додека ја пушеше последната цигара и притоа извика „Слава на Украина!“.

На социјалните мрежи се рашири вознемирувачко видео од егзекуцијата на маж кој одбил да ја послуша руската армија. Наводно го убиле затоа што одбил да ги отстрани ознаките за чин од неговата украинска униформа.

На видеото можело да се слушне како додека го убиваат руските војници извикуваат „Умри ку**о!“.

Сега е откриен неговиот идентитет. Станува збор за Тимофеј Шадура Миколајевиќ (40), кој наводно се води како исчезнат од 3 февруари. Тој бил фатен во близина на Вуледар, во регионот на Доњецк. Служел во 30-та посебна механизирана бригада. Неговиот идентитет, велат, го потврдила неговата сестра.

Видеото од грозоморната егзекуција на украинскиот војник вчера молскавично се прошири на социјалните мрежи. Тоа е воено злосторство кое им пркоси на сите правила на Женевската конвенција. Со специјално соопштение реагираше и украинскиот претседател Владимир Зеленски, кој му вети на украинскиот народ дека ќе бидат фатени воените злосторници кои ладнокрвно го егзекутираа украинскиот војник.

Слични содржини