Откриено што побара Зеленски од лидерите на Г7

од Stefanija Kuzmanovska

Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска побара од Групата седум најразвиени земји систем за противвоздушна одбрана, повеќе санкции против Русија и безбедносни гаранции, изјави неименуван европски функционер.

Обраќајќи им се на лидерите на самитот на Г7 преку видео врска, Зеленски побара и помош за извоз на жито од Украина, како и помош за реконструкција, изјави еден европски функционер, кој сакаше да остане анонимен.

Зеленски се приклучи на видео врската на самитот на лидерите на Г7, кој се одржува во замокот Елмау на југот на Германија.

Слични содржини