Ова се најскапите градови за живеење во Германија

од Radmila Tasevska

Трошоците за живот во Германија варираат, понекогаш драстично, во зависност од регионот, покажа една студија.

Минхен е најскап, додека на другиот крај на скалата се градовите на истокот од земјата.

Животот во Минхен е за 38 отсто поскап отколку во Фогтланд, источниот регион, покажува индексот на Германскиот економски институт (IW) и Федералниот институт за градежништво, урбанизам и просторен развој (ББСР), пишува dpa.

Сепак, трошоците за домување се пресудни и ако не се пресметаат, разликата е само шест отсто и најскап е Штутгарт, а најевтин Лер, на крајниот северозапад од Германија.

Со трошоците за домување, градот Минхен е за 25,1 отсто поголем од германскиот просек. Следува округот Минхен со 16,7 отсто над просекот, потоа Франкфурт (15,9 отсто) и Штутгарт (14,8 отсто).

Фогтланд е за 9,5 отсто поевтин од просекот, а Герлиц, најисточниот германски град, за 9,4 отсто. Во оваа група спаѓаат и градот Пирмазен во западната провинција Порајње-Фалачка и источниот округ Салцландкрајс, 9,3 отсто под просекот.

Градските региони и областите околу нив, како и населбите на падините на Алпите или во близина на Боденско езеро се особено скапи.

Истокот, со исклучок на Берлин и неговата околина, обично е многу поевтин.

Некои централни региони и северозападна Германија, како и делот западно од Франкфурт и крајниот север и исток од Баварија, се под националниот просек.

Слични содржини