Пад на инфлацијата во еврозоната – ЕЦБ се подготвува да ги зголеми каматните стапки

од Vladimir Zorba

Инфлацијата во 20-те земји од еврозоната се намалува откако во октомври минатата година достигна врв од 10,6 отсто, па се очекува годишната инфлација во март да изнесува 6,9 отсто, што е пад од февруарските 8,5 отсто, според податоците на агенцијата за статистика на ЕУ (Евростат).

Највисока инфлација се очекува да имаат храната, алкохолот и тутунот од 15,4 отсто во однос на 15 отсто во февруари, потоа неенергетските индустриски производи со 6,6 отсто наспроти 6,8 отсто во февруари и услугите каде што се очекува пет отсто во однос на 4,8 отсто во февруари.

Цените на енергијата паднаа за 0,9 отсто.

Базичната инфлација, која ги исклучува флуктуирачките цени на храната и енергијата и обезбедува подобар увид во понатамошните трендови на инфлација на долг рок, се искачи на рекордни 5,7 отсто од 5,6 отсто претходниот месец.

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ). Кристин Лагард денеска изјави дека ЕЦБ се подготвува да ги зголеми каматните стапки на состанокот во јули со цел да излезе од негативните каматни стапки до крајот на третиот квартал.

„Во борбата против високата инфлација ги имаме потребните алатки и ќе ги користиме, набљудувајќи ги податоците и прогнозите на нашите експерти, но и оценувајќи го на најдобар можен начин преносот на нашата монетарна политика, со цел да ги утврдиме стапките, до инфлацијата се враќа на два отсто“, рече Лагард, пренесе агенцијата АНСА.

ЕЦБ, Федералните резерви на САД и Банката на Англија ги зголемија каматните стапки овој месец бидејќи се фокусираат на борбата против растечките цени.

Инфлацијата во февруари изнесуваше шест отсто во САД и 10,4 отсто во Велика Британија.

Слични содржини