Падна договор меѓу пилотите и Луфтханза, утре без штрајк

од Nikola Popovski

Штрајкот на пилотите на германската авиокомпанија Луфтханза, кој беше најавен за утре, нема да се одржи, бидејќи е постигнат договор во преговорите за плата.

Пилотите и менаџментот на Луфтханза постигнаа договор и штрајкот кој беше планиран за утре нема да се одржи, а деталите од договорот не се познати, тврди агенцијата ДПА, пренесуваат германските медиуми.

За време на првиот штрајк, минатиот петок, Луфтханза мораше да ги откаже речиси сите летови.

Повеќе од 800 летови и 130.000 патници беа погодени.

Тој штрајк нанел штета на Луфтханза од 32 милиони евра, тврдат од компанијата.

Слични содржини