Паника на плажа во Грција: Голема змија излезе од морето и ги вознеми туристите (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Голема змија излегла од морето и прилично ги исплашила капачите на плажа во Евија.

Според локалните медиуми, непријатната сцена е снимена на плажата Алмиропотамоза. На видеото се гледа балкански смок, кој е безопасна змија, меѓутоа, присуството на големиот рептил на плажата ги вознемирил туристите.

Локалните медиуми јавуваат дека змијата во последните денови доаѓала на плажата кај малото пристаниште. Претседателот на месната заедница Христос Гоцис веднаш пристигнал и се обидел да ја фати змијата која избегала во карпите.

Смокот нормално достигнува должина од 120 см, има мала глава, маслинеста боја со црни дамки на грбот и бели на стомакот. Опашката му е многу тенка и достигнува 30 см во есенските и зимските месеци.

Живее во шумите и сушните региони на Албанија, Босна и Херцеговина, Италија, Црна Гора, Словенија, Хрватска и на многу грчки острови како Крит, Евија, Китира…

Неговата храна вклучува мали влекачи, глодари, птици. Смокот не се смета за опасна змија бидејќи нема отров, но може да ги нападне луѓето доколку е директно загрозена.

Ова не е првпат туристите и локалните жители да бидат вознемирени од присуството на змија.

Заменик-градоначалникот пред неколку дена фотографираше смок како плива покрај него.

Слични содржини