Партијата на Харадинај ги одложи сите активности поради смртта на неговиот татко

од Vladimir Zorba

   Алијансата за иднината на Косово (ААК) ги одложи сите активности поради смртта на таткото на Рамуш Харадинај, лидер на партијата и премир на Косово, јавува дописникот на МИА од Приштина.

– Ве известуваме дека сите изборни собранија предвидени за денешниот ден се одлагаат. Секторот за односи со јавноста на ААК, по повод смртта на Хилми Харадинај, му изразува искрено сочувство на премиерот Рамуш Харадинај, на семејството Харадинај и на народот на Косово, се вели во соопштението на ААК.

Сочувство по повод смртта на таткото на премиерот, меѓу другите, изрази и косовскиот претседател Хашим Тачи, кој за покојниот Хилми напиша дека „беше мудар и умерен маж и голем патриот, кој на Косово му даде многу“ и „преброди многу предизвици во животот“.

Од семејството Харадинај излегоа многумина борци, команданти и народни херои од војната во 1998-99-та година, а многу од нив и загинаа во борбите со српските сили.

Слични содржини