Патрушев: Утврдена врската меѓу сторителите на нападите во „Крокус сити хол“ и Украина

од Vladimir Zorba

Руските истражители го потврдија постоењето на поврзаност меѓу директните извршители на терористичкиот напад во „Крокус сити хол“ во близина на Москва и украинските националисти, изјави денеска секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев.

„Во текот на истрагата беше потврдена и процедурално утврдена врската меѓу директните извршители на овој терористички напад и украинските националисти“, рече Патрушев на состанокот за безбедност во Архангелск во северозападна Русија, пренесува РИА Новости.

Четворица осомничени вооружени напаѓачи се уапсени во руски регион кој граничи со Украина неколку часа по масовното убиство за кое се обвинети.

Слични содржини