Пациент на 22-годишна возраст почина од Ковид-19 во Скопје

од Берта Китинска

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.543 тестирања, а регистрирани се 113 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-35, Куманово-12, Штип-23, Прилеп-1, Тетово-5, Струга-1, Битола-7, Охрид-6, Гостивар-15, Кочани-2, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Валандово-1, Виница-1.

Починати се шест лица, три пациенти од Скопје (64г., 22г. и 83г.), пациент од Куманово (72г.), пациент од Струга (48г.)и пациент од Охрид (75г.). Пет пациенти се починати во болнички услови, еден вонболнички.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.399, бројката на оздравени пациенти е 7.480, на починати е 517, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.402.

Слични содржини