Педијатар објаснува како да се препознае корона кај децата: Една работа веднаш се забележува!

од Stefanija Kuzmanovska

Педијатарот д-р Ида Јовановиќ рече дека бројот на заболени деца расте и дека постои карактеристична слика според која лекарите препознаваат дали детето има коронавирус или некоја друга респираторна инфекција, пренесува „Република.рс“.

– Бројот расте, а процентот е поголем од порано. Дури и во претходните соеви, децата можеа да заболат, но поретко. Дури за 50 до 100 отсто е поголем бројот на деца, но и понатаму се поретки од возрасните. Имаат поблаги клинички слики, боледуваат неколку дена, но го инфицираат целото семејство. Овој вид сега е толку заразен. Инфективноста е зголемена, детските ткива имаат помалку рецептори од возрасните, но вирусот сега може да предизвика болест дури и со помала концентрација. Новиот вид се размножува неверојатно брзо и децата се разболуваат – рече д-р Јовановиќ за ТВ Прва.

Децата и возрасните се третираат слично, но постојат специфични клинички слики, мултисистемски, кои не се забележани кај возрасните.

– Се јавува интензивна воспалителна состојба и тогаш детето е во животна опасност. Тоа е мал процент, да речеме, од 500.000 смртни случаи во Америка, само 270 биле деца – рече таа.

Д-р Јовановиќ вели дека една работа е клучна во дијагностицирањето на короната.

– Пневмонија не е толку честа кај децата, денес секоја пневмонија предизвикува сомневање за ковид. Детето исто така може да има треска, фебрилна состојба или други симптоми, но карактеристично за ковид е тоа што рендгенската слика е многу специфична. Дете кое има знаци на корона се тестира веднаш, па дијагнозата не е тешка – вели педијатарот.

Докторката објаснува дека децата брзо се опоравуваат со поблага клиничка слика.

Слични содржини