Пехчевските и беровските пожарникари гаснеа пожар во атарот на с.Црник

од Radmila Tasevska

Доброволното противпожарно друштво од Пехчево заедно со Територијалната противпожарна единица од Берово, денеска интервенираа на два пожара на отворено на м.в „Елата“ атар на Пехчево и м.в „Белодолски мост“ атар на село Црник, Пехчево.

Во пожарот како што информираше пожарникарот Марјан Митриновски била зафатена површина од околу 3 хектари.

-Во пожарот беше зафатена сува трева која ако не стигнавме навреме ќе влезеше во блокот со сливи. Од ДПД Пехчево бевме двајца пожарникари, од ТППЕ Берово исто така двајца кои учествуваа во гаснењето.

Поради навременото пристигнување пожарот брзо беше ставен под контрола, информираше Митриновски.

Апелираше да не се палат стрништата и  меѓите за време на чистење на ливадите поради високата и сува трева која е подложна на брзо горење.

-Тоа ако е потребно, треба да се направи во соодветни услови со одорување, ама нај добро е кога ќе почне тревната  вегетација, оти тогаш не може да се шири пламенот поради зелената трева, додава Митриновски.

Пред неколку дена пожарникарите гаснеа пожар во атарот на истото село, но од сптотивната страна каде избувна денешниот пожар.

Слични содржини