Пендаровски: Фактот што нашите стратешки цели се разликуваат од оние на Русија, не треба да биде пречка да соработуваме

Во своето прво интервју за руските медиуми, претседателот Стево Пендаровски разговараше со дописникот на Коммерсант на Балканот, Генадиј Сисоев.

Во интервјуто, претседателот разговараше за релациите на Република Северна Македонија со Русија, за европските перпсективи на државата по бугарското вето, за придобивките од членството во НАТО, очекувањата од новата американска администрација во однос на нашата земја и во однос на целиот регион на Западен Балкан.

На прашањето зошто е одложена евроинтеграцијата, иако Пендаровски ветил по победата на изборите дека патот кон ЕУ и НАТО ни е загарантиран, македонскот претседател вели:

„Очигледно, да. Поради позицијата на Бугарија, која се однесува на идентитетот на Mакедонците и го оспорува македонскиот јазик (Софија не го признава постоењето на Македонците како нација пред 1944 година и го смета македонскиот јазик за дијалект на бугарскиот – забелешка на весникот). Таа позиција не ја поддржува ниедна друга земја-членка на ЕУ, но во Европската Унија се применува правилото на консензус. Во првите неколку месеци од следната година ќе видиме дали нешто ќе се промени во приодот на Бугарија. Од наша страна можностите за маневaр се исцрпени, ние поднесовме голем број конструктивни предлози. За тоа дека ние сме Mакедонци кои говорат на македонски јазик, не може да се преговара.“

Пендаровски во своето интервју додаде и дека нема разлики помеѓу власта и опозицијата кога станува збор за јазикот. Никој како што вели, не размислува за тоа дали сме ние Македонци или не. Исто така, тој смета дека Бугарија водена од помислата дека по влегувањето во ЕУ повеќе нема простор за спорни прашања, сакаше да го искористи овој момент да го направат тоа. Идентично и потсетува, дека Бугарија сакала да го блокира членството во НАТО на нашата земја уште во 2018. година.

Македонскиот претседател, Пендаровски смета и дека промената на името, како цена за влез во НАТО алијансата има два аспекти. Како што вели, првиот е емоционален, поврзан со привикнувањето на новото име. И мене тоа не ми беше лесно. Но има и стратешки аспект. Во Договорот со Грција има одредба според која ние сме Mакедонци и зборуваме на македонски јазик. Таа одредба е дел од нашата лична карта во ООН, и тоа е многу значајно за нас. Што се однесува до историјата и географијата, нашата земја зазема 36–37% од географската Македонија. Географски, ние и сме Северна Македонија.

Со влезот на нашата земја во НАТО не сметам дека се влошија билатералните односи меѓу Северна Македонија и Русија. Но…

Posted by Stevo Pendarovski on Понеделник, 21 декември 2020

Слични содржини