Пендаровски: Резолуцијата ја дефинира нашата позиција, не исклучува и трета страна во преговорите

од Vladimir Zorba

Претседателот на државата, Стево Пендаровски не очекува некои поголеми промени во однос на спорот со Бугарија во претстојниот период, бидејќи Софија се уште нема формирано Влада.

На брифинг со новинари денеска кај претседателот на државата беше посочено дека не е исклучена можноста во преговорите да има и трета страна за да се постигне некакво решение во однос на спорот меѓу двете земји.

Пендаровски за резолуцијата за „црвените линии“ во преговорите со Бугарија, која вчера ја усвои Собранието, не смета дека е штета, туку напротив смета дека ја дефинира нашата позиција и не е воопшто навредлива, каква што е резолуцијата на бугарскиот Парламент.

Слични содржини