Пендаровски се сретна со Варадкар – разговарале за европската перспектива на земјите од регионот

од Vladimir Zorba

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими премиерот на Ирска, Лeо Варадкар, којшто престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

На средбата беше поздравена триесетгодишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји, при што беше потенцирано дека постои добро ниво на политички дијалог.

Двајцата соговорници ги потврдија пријателските односи меѓу Северна Македонија и Ирска, взаемната посветеност за унапредување на политичкиот дијалог, како и заложбите за поинтензивна и сеопфатна билатерална соработка.

Во однос на европската перспектива на нашата земја, претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија високо ја цени континуираната, отворена и гласна поддршка од Ирска на нашиот евроинтеграциски процес и помошта во исполнување на европската агенда, како и нивниот принципиелен став во однос на проширувањето на ЕУ.

Двајцата соговорници разговараа и за актуелните регионални случувања и важноста на европската перспектива на земјите од регионот, како стратешко и безбедносно прашање.

Слични содржини