Пендаровски: Вон памет е некаков нов договор од веќе потпишаниот за соработка и добрососедство со Бугарија

од Aleksandar Petrovski

Претседателот Стево Пендаровски вечерва на гостување во Телма интервјуто го започна со одговор на вчерашното тврдење на опозицискиот лидер Мицковски дека Захариева му пренела на Османи, Софија и Скопје да потпишат нов договор според кој би требало во уставот да коригираме и да стои дека македонската нација и јазик настанале по 1945 година.

-Јас таква информација немам – рече Пендаровски.

Тој појасни дека со шефот на дипломатијата, Бујар Османи, се слушнал завчера кога се вратил од Софија и вчера повторно и министерот Османи не му спомнал никакви сет на предлози како ова дека Софија предлага да потпишеме дека ке го смениме Уставот и ќе ставиме дека како нација и јазик постоиме од 1945 па наваму.

-Нема такво нешто, мислам на некаков договор – повтори председателот и рече дека заедничките комисии ќе се состанат утре и задутре во Скопје околу расчистување на историски несогласности кои Македонија и Бугарија ги имаат со децении.

-Вон памет е некаков нов договор од веќе потпишаниот договор за соработка и добрососедство помеѓу двете држави или некој амандман на тој договор. Тоа што сме потпишале и ние и тие треба да го реализираме – рече Пендаровски.

Слични содржини