Петел за борби убил шеф на полициска станица

од Stefanija Kuzmanovska

Неверојатен настан се случил во филипинската провинција Северен Самар – полицаец бил убиен за време на борба на петли.

Имено, полицијата реагирала затоа што борбата на петли била забранета за време на епидемијата на коронавирусот.

Меѓутоа еден петел го зарил полицаецот Кристијан Болок со ногата на која имал закачено челично сечило, што е вообичаено за таквите борби.

Сечилото го пресекло левиот бут на полицаецот, пресекувајќи ја феморалната артерија.

„Болок искрварил до смрт“, изјавил шефот на локалната полиција Арнел Апуд за АФП.

Тој додал дека се уапсени три лица.

Инцидентот се случил во Сан Хозе, каде Болок бил шеф на полициската станица.

Слични содржини