Планинското езеро крие природен феномен за кои многумина не знаат

од desk2

Каинди е магично планинско езеро во Казахстан, кое се наоѓа недалеку од најголемиот град во државата, Алмати, во пределот на планината Тиан Шан.

Езерото настанало по земјотресот во 1911 година, кој предизвикал огромни лизгања на земјиштето и со тоа создал големо продлабочување во земјата. Сукцесивно, дождот ја исполнил долината и го создал ова езеро. Каинди е познато по подводната шума, големиот број на стебла оморика кои извираат од водата, а станува збор за остатоци од дрвја кои биле потопени во текот на формирањето на езерото.

Стеблата кои се наоѓале на местото каде што е сега Каинди, успеале да опстанат и покрај фактот што се потопени под вода и делуваат мистично и моќно, а тиркизната боја на водата го прави езерото уште поубаво.

Езерото е долго 400 метри, а длабоко околу 30. Сцената од дрвјата кои наликуваат на забодени копја е нешто што прво се забележува кога ќе се здогледа Каинди, но вистинскиот поглед се крие под површината, каде стеблата се совршено зачувани благодарение на ледената вода чија температура не надминува 6 Целзиусови степени дури ни преку лето. За среќа, не е потребно да нуркате за да ја видите оваа магична шума бидејќи водата е кристално чиста, па подводната шума добро се гледа и од површината.

Изненадувачки е тоа што езерото го посетуваат мал број туристи, но причината веројатно лежи во тоа што недалеку од ова место се наоѓаат познатите езера Болшое Алматинское и Колосај кои поседуваат попристапен приод од градот.

И покрај градската близина и повеќемилионската популација, во околината на Каинди преовладува мирна атмосфера, совршена за одмор и уживање.

Слични содржини