Планот на Германија за Западен Балкан: Македонија и Албанија да ги започнат преговорите со ЕУ

од Nikola Popovski

Трите водечки партии во Германија потпишаа договор за коалиција и најавија формирање на првата влада по Меркел до 8 декември. Покрај економското заживување на земјата, поинтензивната борба против коронавирусот и легализацијата на канабисот, Олаф Шолц, Аналена Бербок и Кристијан Линднер имаат планови и за Западен Балкан.

Договорот меѓу трите германски партии кои ќе ја формираат новата сојузна влада – социјалдемократите (СПД), Зелените и Либералите (ФДП), ја поддржува европската интеграција на шесте земји од Западен Балкан.

Договорот предлага отворање на првите преговарачки поглавја со Албанија и Северна Македонија, либерализација на визниот режим за Косово и продолжување на преговорите со Црна Гора и Србија.

-Ја поддржуваме европската интеграција на шесте земји од Западен Балкан и во таа смисла потребни се реформи за исполнување на сите критериуми од Копенхаген, се вели во документот потпишан од Шолц, Бербок и Линднер.

Покрај дијалогот, одржувањето на траен мир во Босна и Херцеговина, заснован на зачувување на територијалниот интегритет, е од империјално значење за Западен Балкан, се вели во документот.

Се додава дека паралелно со пристапните преговори мора да се подобри капацитетот на ЕУ за прием на нови членки.

Слични содржини