По израелското бомбардирање, речиси целосен прекин на интернетот во Газа

од Stefanija Kuzmanovska

Речиси целосен прекин на интернетот зафати поголем дел од Газа, според тамошните сведоци и компаниите што ја следат глобалната поврзаност.

„Палтел“, најголемиот телекомуникациски провајдер во Газа, кој сè уште беше во голема мера оперативен, денес соопшти дека претрпел целосен прекин на сите услуги откако силните израелски бомбардирања претходно истиот ден ја уништиле неговата последна преостаната инфраструктура што го поврзуваше со глобалниот интернет.

Исик Матер, директор на истражување во „Нетблок“, британска компанија која ја следи глобалната интернет конекција, рече дека бомбардирањето го создало најголемиот прекин на интернетот од почетокот на конфликтот.

„Денешниот инцидент е најголемото поединечно нарушување на интернет конекцијата во Газа од почетокот на конфликтот и многумина ќе го сфатат како целосно или речиси целосно прекинување на интернетот“, рече Матер  „Губењето на меѓународните рути веројатно сериозно ќе ја ограничи способноста на жителите да комуницираат со надворешниот свет“.

Слични содржини