По „колежот“ во Ридинг: Тројца убиени, мотивот непознат

од Vladimir Zorba

Три лица се убиени, а тројца се тешко повредени во напад со нож во Ридинг, во западниот дел на Лондон, објави денеска локалната полиција. Нападот во моментов не се третира како тероризам, а мотивот сè уште не е познат.

25-годишен маж е уапсен на лице место, а полицијата наведува дека тие не бараат повеќе сторители.

„Нема никакви разузнавачки податоци дека постои понатамошна опасност за јавноста. Во моментов нападот не го карактеризираме како тероризам, а полицијата го испитува мотивот“, рече главниот детектив Иан Хантер.

Британските медиуми претходно пишуваа дека полицијата го поврза нападот со тероризам и дека уапсениот е Либиец.

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека „неговите мисли се со сите оние кои се погодени од страшниот инцидент во Ридинг“.

Слични содржини