По обвинението од СЈО- На судијка и се слошило од предметите

од Vladimir Zorba

На една од судијките кај која беа распоредени неколку предмети од СЈО и се слошило и неофицијално, побарала да биде изземена од постапувањето поради кратките рокови за одлучување за притворот што го бара Специјалното обвинителство во сите случаи, објави Сведок.

Претходно, од постапување по предмети на СЈО било побарано да се иземе судијката Сафија Лаличич, по чиј разговор со екс директорот на УБК Сашо Мијалков судството го доби епитетот „сваровски“.

Вечерва, членови на ВМРО ДПМНЕ ја блокираа улицата пред Основниот суд Скопје 1 откако станува извесно дека голем дел од раководството на партијата може да бидат притворени.

Сепак, само малкумина од тие за кои се бара притвор се во земјава, додека другите се во странство, што може да биде отежителна околност за нив.

Судот има рок од 24 часа по прием на предметите да се изјасни за бараните притвори

Слични содржини