ap-assad--644x362

Аниса Ахмед Макхлоуф, поранешна прва дама и мајка на претседателот на Сирија, Башар Ал Асад почина на 79 годишна возраст, јави сириската национална телевизија.

Смртта на Аниса ја потврдија и со официјална владина изјава.

Маклоуф е родена во 1930 година во богато семејство од крајбрежната провинција Латакија. Се омажила во Хафез 1957 година и ретко се појавува во јавноста откако тој стана претседател во 1971 година.

Нејзиниот  братучед, Рами Маклоуф, е еден од највлијателните сириски бизнисмени, под чија контрола е мрежата на мобилни телефони и други профитабилни претпријатија, додека бунтовниците по 2011 година, го сметаат за симбол на корупцијата.

Слични содржини