Полицијата го истражува случајот со охридскиот градоначалник

од Milan1

СВР Охрид во координација со Центарот за јавно здравје презема мерки и активности за расчистување на случајот со градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, кој добил позитивен наод на тест за Ковид-19 на испитувањето направено по завршувањето на богојавленските свечености во Охрид на кои лично присуствуваше, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Инаку, на повтореното тестирање резултатите на Пецаков биле негативни. И двете тестирања се спроведени во истата установа – во Центарот за јавно здравје во Охрид.

Пецаков на својот фејсбук-профил појасни дека не чувствува никакви симптоми, а ПЦР тестирањето го направил заради потреба од патување во странство.

 

Слични содржини