Полицијата идентификува уште едно лице од „Јавна соба“, но тој е на Малта

од Берта Китинска

Од МВР информираат дека идентификуван е уште еден член на групата „Јавна соба“. Според информациите лицето е на Малта, па МВР очекува помош од тамошната полиција.

Вчера беа уапсени 4 лица две од Битола и по едно од Штип и Велес.

Групата „Јавна соба“ е затворена, информираше вечра министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на неговиот фејсбук-профил.

„Го поздравувам ваквиот чекор на платформата Телеграм и порачувам дека оние што го прекршиле законот ќе бидат казнети бидејќи ние целосно ги документираме случаите. Истовремено, апелирам за внимателност бидејќи на платформата Телеграм има и друга слична група и ние соодветно ќе постапиме и за членовите на оваа група. Сите што го кршат законот соодветно ќе одговараат,“ напиша Спасовски.

Слични содржини