Полицијата уапси 53 демонстранти во Минск (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Полицијата во Белорусија приведе најмалку 53 лица низ целата земја денес, по протестите против резултатот од претседателските избори минатиот месец.

Апсењата се случија кога десетици илјади демонстранти се собраа во Минск седми по ред викенд, повикувајќи го претседателот Александар Лукашенко да се повлече од функцијата.

Белоруските безбедносни сили денес започнаа со апсење луѓе, додека десетици илјади демонстранти се собираа на улиците во Минск.

„Полицијата ги извлече луѓето од толпата и ги влечеше во комбиња“, рече сведок за Ројтерс.

Руската новинска агенција Интерфакс објави дека биле приведени најмалку 50 лица. Неколку метро станици се затворени, а мобилниот Интернет е прекинат.

Слични содржини