Полицијата во Белорусија ги спушти штитовите пред демонстрантите (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Граѓаните се собираат од Минск од утрово, а на нив им се придружија и работници од повеќе компании. Во моментов најголем број е собрано пред зградата на владата во Минск. Членови на единиците за интервенција во центарот на Минск ги спуштија штитовите во солидарност со демонстрантите за време на протестот.

Неколку илјади демонстранти се собраа на плоштадот Независност во Минск, барајќи оставка на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, јави ТАСС.

Протестите во Белорусија траат скоро една недела. На протестите им се придружија претставници од различни професии, од лекари и наставници до музичари, како и работници од разни компании и фабрики.

Најголем ентузијазам предизвика белоруската полиција, која ги спушти штитовите пред демонстрантите кои се собраа во близина на зградата на владата во Минск, јавува дописникот на „Спутник“.

Демонстрантите го поздравија потегот на полицијата. Жени пристапуваат кон полицијата, ги гушкаат и им даваат цвеќиња. Многумина се фотографирани со припадници на специјалните сили. Полициските вооружени сили не реагираа на тоа, но се ракуваа со демонстрантите.

Насобраните извикуваа „Света (Светлана Тихановскаја) е наш претседател“, „Полицијата е со народот“, „Пребројте ги гласовите“, „Оди си“.

Дописникот на Спутник јавува дека воената опрема и полициските возила влегуваат на плоштадот Независност.

Мирен протест се одржува и во Витебск, на кој учествуваат неколку стотици граѓани.

Демонстрантите собраа околу 700 потписи за петиција во која се бара да бидат поништени резултатите од гласањето во Витебск, насилството да биде запрено и уапсените да бидат ослободени.

На насобраните им се обрати градоначалникот на Гродно, кој не сакаше да зборува за легитимноста на изборите, но ги повика демонстрантите мирно да протестираат.

Слични содржини