Полицискиот час на сила, ќе има ли нови мерки?

од Берта Китинска

Денеска Комисијата за заразни болести ќе одржи редовен состанок на кој ќе се дискутира за актуелната состојба со коронавирусот.

По завршувањето на состанокот на Комисијата за заразни болести ќе се знае дали до Владата ќе бидат препорачани построги мерки, односно викенд-карантин.

Според експертите во овој нов бран  на ковид 19 најпогодена е и младата популација. Според статистиката деновиве имаше млади лица на возраст од 23 и 24 години кои починаа од компликации со вирусот.

Во земјава на сила е полицискиот час кој трае од 22 часот до 5 часот наутро.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 123.491, бројката на оздравени пациенти е 103.374, на починати е 3.574, а бројот на активни случаи изнесува 16.543.

Слични содржини