Полицискиот час се поместува од 20 часот, се затвораат кафеаните, фитнес клубовите и  обложувалниците

од Берта Китинска

Во пресрет на затоплувањето и претстојните празници, а со цел одморање на здравствените работници моравме да донесеме нови мерки.Со новите мерки очекуваме да се намали заразата и притисокот на здравствениот систем. Полицискиот час на територијата на целата држава кој беше воведен на 10 март, а траеше од 22 до 5 часот наутро, од утре ќе почнува во 20 часот, се до 20 април, Угостителските објекти кои имаа дозвола да работат до 21 часот, сега целосно се затвораат и ќе смеат да работат само со достава. Исто така, од утре се затвораат и фитнес клубовите и се забранува одржувањето на конференции и обуки. Обложувалниците пак, се затвораат од 7 април, соопшти Заев.

Тој уште еднаш порача да не се групираат граѓаните, да не се организираат прослави.

-Повикувам на максимална одговорност сите заедно да се исправиме и да го возвратиме ударот во новиот ковид бран, рече премиерот.

Слични содржини