Поплаки од граѓани за светлечкиот знак X на компанијата на Маск во Сан Франциско

од Stefanija Kuzmanovska

Граѓаните на Сан Франциско кои живеат во непосредна близина на зградата во која е сместена компанијата „Х“, до неодамна „Твитер“, во сопственост на американскиот милијардер Елон Маск, упатиле жалби до властите во кои се наведува дека знакот Х поставен на зградата на компанијата сјае со голем интензитет.

Компанијата на Маск во петокот го постави логото „Х“ на покривот на седиштето на улицата Маркет, што ги налути соседите незадоволни поради интензивната светлина, изјави градскиот градежен инспектор во Сан Франциско.

Потврдено е дека ќе биде покрената истрага за овој проблем, пишува лондонски „Гардијан“.

Слични содржини