Поповиќ: Не е проблем украсувањето во Скопје, проблем е загаденоста и сообраќајот!

од Stefanija Kuzmanovska

Можеби требаше порано да се накити градот и не подалеку да го добие сјајот на соседен Белград, но тоа и не е најголемиот проблем на главниот град. Директорката на НУ „ Охридско лето“ Наташа Поповиќ во утринското гостување на „Слободен печат“, вели дека Скопје има посуштински проблеми. Како родена Битолчанка која животот го поминала во Охрид , па потоа во Америка за да на крај основа смејство и живее во Скопје вели дека не би можела да замисли да живее во друг град.

„Родена сум во Битола, татко битолчанец, мајка охриѓанка, сум пораснала во Охрид, потоа животот ме однесе во Америка. Срцето ми е пола за Охрид и Битола. Во Скопје живеам со моето смејство, маж ми е скопјанец. Не би можела да жевеам во друг град освен во Скопје. Во Скопје се случува се. Скопје е убав град, ете елката требаше да биде порано. Еден Белград е накитен пред еден месец, но не ми пречи до толку китењето, во Скопје најмногу ми пречи загадениот воздух. Во Скопје жевеам, сум се одлучила тука да живеам.Охрид е мојата душа, и фала му на господа што со работава ме врати во Охрид. Во Скопје би сакала да нема само загаден воздух и се разбира еднаш за секогаш да се реши сообраќајниот хаос“, вели Поповиќ.

Наташа Поповиќ пет години успешно ја води манифестацијата „Охридско лето“, а годинава беше и избрана за жена на годината за 2023 година од областа на културата, во рамките на конференцијата „Жени Претприемачки“.

Слични содржини