Популарното туристичко место следната година на туристите ќе им наплатува влез до 10 евра

од Берта Китинска

Венеција ќе стане првиот град во светот кој на посетителите ќе им наплатува влезница, пишува Политико.

Со цел да се реши пренатрупаноста и да се обесхрабри пристигнувањето на туристи за еден ден, градските власти најавија дека од јануари 2023 година на туристите ќе им се наплаќа по 10 евра за влез во градот.

Посетителите ќе треба однапред да го резервираат влезот онлајн и да платат од 3 до 10 евра, во зависност од годишното време. Инспекторите ќе патролираат низ градот и ќе можат да ги запрат туристите и да бараат доказ дека платиле влез. Казната за неплаќање влез ќе изнесува до 300 евра.

Вака собраните пари ќе бидат потрошени за намалување на сметките за собирање смет што ги плаќаат жителите на Венеција, кои се повисоки од оние на соседните градови.

Жителите на Венеција, луѓето кои доаѓаат да ги посетат и туристите кои резервираат ноќевање во хотел ќе бидат ослободени од плаќање влезница.

Слични содржини