Поранешен колега на Михаел Шумахер: „Патот кон неговото закрепнување оди добро“

од Stefanija Kuzmanovska

Патот кон закрепнувањето на Михаел Шумахер оди добро и „сега седи на трпеза“, тврди неговиот поранешен колега Џони Херберт.

Поранешниот возач на Формула 1, кој возеше со Шумахер во Бенетон, нагласи дека неговите информации се „од втора рака“, бидејќи оние кои го следат овој спорт бараат нови информации за седумкратниот светски шампион, кој не е виден со години.

Шумахер имаше несреќа на скијање во 2013 година, по што падна во кома. Оттогаш, неговиот живот стана многу приватен, а неговото семејство не дава многу информации за неговата состојба. Херберт слушнал позитивни вести, но признава дека не мисли дека Германецот се опоравил онака како што многумина се надеваа.

„Слушам само делови од втора рака. Слушам од луѓе во Ф1 дека тој седи на трпеза, но не знам дали е вистина. Можам да читам само меѓу редови. Не слушнав многу од семејството и тоа е разбирливо. Тоа отсекогаш беше многу важна работа за Михаел и семејството – да чуваат сè приватно“, изјавил тој за Betting Sites.

„Не ми се чини дека работите се развиваат на начин на кој сакаат многумина од нас кои го познававме и многу негови обожаватели ширум светот. Би сакале да знаеме дали информациите се позитивни“, додал тој.

Слични содржини