Поранешна нацистичка секретарка осудена за соучество во убиство на повеќе од 10.000 луѓе

од Stefanija Kuzmanovska

Германскиот суд денеска ја осуди поранешната секретарка на командантот на нацистичкиот концентрационен логор Штутхоф, Ирмгард Фурнер (97), за соучесништво во убиство на 10.505 луѓе за време на Втората светска војна.

Државниот суд ја осуди Фурнер на две години условна казна, во согласност со она што го побараа обвинителите, додека одбраната бараше нејзино ослободување, пренесува АП.

Фурнер беше обвинета дека била дел од системот кој вршел масовни убиства во логорот.

Слични содржини