Поранешниот шеф на кабинетот на Трамп сведочеше во истрагата против поранешниот претседател

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот шеф на кабинетот на Доналд Трамп, Марк Медоус, сведочеше пред федералната голема порота во истрагата на специјалното обвинителство против поранешниот претседател, објави „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на два извора запознаени со ситуацијата.

Веста ја пренесе и Си-Ен-Ен, исто така повикувајќи се на анонимен извор, пишува „Гласот на Америка“.

Специјалниот советник Џек Смит е задолжен за истрагите на министерството за правда за тоа дали Трамп, кој беше претседател од 2017 до јануари 2021 година, лошо постапувал со доверливи документи по заминувањето од функцијата и дали незаконски се обидел да ги отповика резултатите од претседателските избори во 2020 година на кои победи Џо Бајден.

Не е познато кога Медоус, последниот шеф на кабинет на Трамп, сведочел или дали истражителите го испрашувале за еден или двата случаја, пишува „Тајмс“.

Адвокатот на Медоус, Џорџ Тервилигер, не одговори на барањето на „Ројтерс“ за коментар. Канцеларијата на Смит одби да го коментира случајот.

Тројца од адвокатите на Трамп беа во министерството за правда оваа недела поради извештаите дека обвинителите ја затвораат истрагата за документите.

Неколку медиуми објавија дека правниот тим на Трамп бил во секретаријатот за да побара од обвинителите да не го обвинат Трамп за доверливи документи пронајдени во неговиот имот Мар-а-Лаго во Флорида, откако тој ја напушти Белата куќа во 2021 година.

Против Трамп во Њујорк веќе е покренато обвинение за случајот да ѝ плати пари на порно актерка за да молчи за наводната афера, пренесува „Танјуг“.

Слични содржини