Поранешниот украински претседател заразен со коронавирус

од Aleksandar Petrovski

Поранешниот украински претседател Петро Порошенко на својот Фејсбук профил објави дека е заразен со коронавирус, објави Ројтерс.


Тој навел дека поради тоа ќе остане дома да се лекува и дека се надева на брзо закрепнување.
Воедно ги повика сите Украинци да се грижат за себе.

Порошенко (55) беше претседател на Украина од 2014 до 2019 година.

Слични содржини