Портокалово небо наутро ги дочека граѓаните на Сан Франциско: Беснеат пожари низ Калифорнија (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Чудно портокалово небо и паѓање пепел ги пречекаа жителите на заливот Сан Франциско во средата наутро, кои ги трлаа очите и се прашуваа дали се разбудија на друга планета.

Некои дури помислија дека сето тоа е грд сон и се вратија во кревет, пишува Сан Франциско хроника.

Дел од учениците, пак, заспаа и доцнеа на часовите „онлајн“, бидејќи надвор сè уште беше темно.
Жителите на Сан Франциско ги вклучија светлата, гледајќи во небото во боја на ‘рѓа, што го направи да изгледа како ноќ, јавува Си-Ен-Ен.

Експертите објаснуваат дека „портокаловото небо“ било предизвикано од облаци чад кои доаѓале од бројни шумски пожари кои беснееле низ Калифорнија.

Метеоролозите објасниле дека сончевата светлина може целосно да исчезне кога чадот и пепелта се згуснуваат во близина на шумските пожари.

Слични содржини