После 60 години е направена нова операциона сала во болницата во Гевгелија

од Nikola Popovski

После 60 години за прв пат во ОБ Гевгелија е направена нова операциона сала со најсовремена опрема. Ова е само едно од низата реновирања кои беа направени во изминатите две години во оваа болница. До крајот на годината оваа болница ќе добие апарат за компјутерска томографија, што многу ќе го олесни пристапот за вакви испитувања, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче при посетата на болницата со премиерот Заев.

Според него, ќе продолжат со зголемување на платите благодарение на оваа Влада и премиерот Зоран Заев.

-30 милиони евра во изминатите три години се вложија во зголемување на примањата на здравствените работници во нашата земја. Драго ми што се повеќе млади доктори патот не го гледаат надвор од нашата земја и сакаат да работат тука во нашите здравствени установи, напиша Филипче.

Слични содржини