Последните месеци на Неда: Депресија, лекови и посети кај психијатар

од Elena Daskalova

Неда Арнериќ, ѕвездата на југословенскиот филм и српската филмска и театарска сцена, вчера беше пронајдена мртва во нејзиниот дом.

Нејзиниот колега, Феѓа Стојановиќ, со кој често ја делеле сцената на театарот, прозборе за последните месеци од животот на актерката.

Во последната година тие повеќепати ја играле претставата „Се извинуваме, многу се извинуваме“. По смртта на нејзиниот сопруг таа често била тажна и депресивна, а како што јавноста се сеќава, еднаш веќе се обиде да се самоубие. Причините за нејзината смрт не се познати, но Стојановиќ се плаши дека повторно посегнала по својот живот.

Актерката на својот колега често му зборувала за депресијата, лековите и посетите кај психијатарот и колку тоа ѝ претставувало товар, но и неопходен чекор во нејзиното оздравување. Неда неодамна заминала и на духовно патување, а потоа изгледала како сè да е доста подобро од претходно.

Кога се слушнале телефонски му рекла: „Не е она што очекував, но е подобро. Не можам долго да зборувам сега, ќе се чуеме…“

Никогаш потоа веќе не се слушнале, објаснил театарскиот актер.

Слични содржини