Потврда за трансфер од прва рака: Мбапе во Реал 99%

од Vladimir Zorba

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас ги коментираше гласините дека напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе веќе потпишал договор со Реал Мадрид, каде што ќе се пресели по истекот на договорот со францускиот гигант следното лето.

„Знам дека заминува од ПСЖ. Веројатноста Мбапе да се пресели во Реал Мадрид ја проценувам на 99 отсто“, изјави Тебас и додаде: „Но, не знам дали договорот е веќе потпишан“.

Првиот човек на шпанското првенство е воодушевен од можноста еден од најдобрите напаѓачи на денешницата да заигра на Пиринејскиот полуостров.

„Дали неговиот потег е добра вест за Ла Лига? Секако, ова е одлична вест за Реал Мадрид и целиот шпански фудбал. Тој е еден од најдобрите играчи во светот. Од моја гледна точка, Белингем, Халанд и Мбапе се тројцата најдобри играчи на планетата, а двајца од нив се во Реал Мадрид“, изјави Тебас за „Л’Екип“.

Бројни медиуми неодамна објавија дека францускиот репрезентативец потпишал договор со Реал до 2029 година.

Мбапе во клубот од Париз е од 2017 година, а оваа сезона во Лига 1 постигна 21 гол на 20 натпревари со три асистенции.

Слични содржини