Потврдена пресудата на Робињо за силување на Албанка

од Vladimir Zorba

Бразилскиот фудбалер Робињо пред Врховниот суд е осуден на девет години затвор за учество во силување на Албанка во 2013 година.

Робињо беше осуден во Италија, а неговиот адвокат ја потврди пресудата во средата.

Бранителите на Робињо поднесоа жалба на пресудата на судот во Милано, но таа беше потврдена и пред судот во Рим.

Имајќи предвид дека ова е највисоката судска инстанца во Италија, казната изречена во 2017 година остана на сила.

Силувањето се случило во ноќен клуб во време кога Робињо настапувал за Милан.

Силуваната Албанка тогаш имала 22 години, а сега само прашање е дали поранешната голема фудбалска ѕвезда казната ќе ја одлежи во Бразил или Италија.

Адвокатите се обидоа да ја дискредитираат жртвата, тврдејќи дека таа била пијана и дека врската е резултат на согласност.

Робињо е без клуб, спонзорот „Ортопрајд“ му сврте грб во 2020 година поради овој инцидент. Покрај затворската казна оштетената ќе добие и отштета од 60 илјади евра.

Потсетуваме дека Робињо во текот на кариерата важеше за еден од најталентираните во својата генерација. Тој настапуваше за некои од познатите клубови како Реал Мадрид, Манчестер Сити, Милан, Сантош и уште неколку помали клубови.

Слични содржини