Повратник од Италија – прв случај на коронавирус во земјава

од Aleksandar Todeski

Повратник од Италија е првиот случај заболен со коронавирус евидентиран во земјава, дознава „Локално“. Како што дознаваме, се работи за лицето за кое министерот Венко Филипче на прес конференција попладнево рече дека се чекаат резултатите дали е позитивен на вирусот.

Денеска три лица се пријавиле на Клиниката за инфективни болести со симптоми на грип, на кои им се извршени тестирања за коронавирусот.

Премиерот Оливер Спасовски, министерот за здравство Венко Филипче и д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје во 16:30 часот ќе дадат изјава за медиумите во владиниот прес центар.

Слични содржини