Повредено едно лице во синоќешното невреме во Скопје

од Берта Китинска

Во синоќешното невреме во Скопје е повредено едно лице, а најголема штета е направена  на  кровот во средното хемиско училиште  Марија Кири Склодовска и во Карпош.

Фото: Борче Поповски

– Најмногу штета со паднати кровови имаше во Карпош на потегот од мостот Обединети Нации до Скопје Сити Мол, но и тоа беше расчистено до 3.00 ласот изутрина. Колку што знам до сега е евидентирано само едно повредено лице, изјави денеска на прес конференција  градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Слични содржини