Познат рапер почина на 35-годишна возраст (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

По веста за неговото исчезнување, беше објавено дека тој починал.

Познатиот рапер Јанг Капоне почина на 35-годишна возраст, пренесува Deadline.

Тажната вест ја потврдила негова соработничка, а причината за смртта се уште не е позната.

„Со тешко срце го објавувам ова. Капоне или Допбој Ра или Рара беше еден од моите први хип-хоп/рап клиенти и не ми се верува на веста што штотуку ја добив за неговото неочекувано заминување! Пријател… клиент и едноставно огромен човек во Источна Атланта. Ова воопшто не е лесно. Почивај во мир“, напиша на Инстаграм неговата публицистка Алиша Картер.

Слични содржини