Пратениците изгласаа спас за должниците: Каматата нема да биде поголема од долгот

од Nikola Popovski

Пратениците од параламентарното мнозинство предводено од СДСМ денеска ги усвои законски измени – каматата да не биде поголема од долгот. Како што велат од владеачката партија, со ова конечно се прекинува праксата граѓаните да плаќаат 10 пати поголем износ отколку што навистина должеле.

-За долг на сметка од 500 денари имаше случаи кога се бараше наплата од 5.000 денари, затоа што каматата што треба да ја платат им е десетици пати поголема од долгот кој реално го имале. Тоа завршува. Со измените во Законот за облигациони односи и Законот за извршување, казнената камата нема да може да биде поголема од долгот, соопштија од СДСМ.

Се додава дека се скратува и рокот за застареност од 10 на 5 години од правосилноста на одлуката.

-За жал пратениците од ДПМНЕ и Левица не гласаа за овие законски измени со што уште еднаш ја покажаа својата незаинтересираност за потребите на граѓаните, информираа од СДСМ.

Слични содржини