Пред локалните избори, дупло издадени градежни дозволи-Скопје рекордер!

од desk3

И понатаму најмногу ќе се гради во македонската метропола  и тоа висококатници. Заводот за статистика пресметал дека скопскиот регион е рекордер во  издадени одобренија за градење. Во Скопје ќе се градат нови 469 станови. И градот Гостивар е во трката за првото место во издадени одобренија за градба. На ниво на општини, пак најмногу станови во месец март започнале да се градат во  Гостивар – 191, потоа во Струга  173 и во скопската општина Карпош – 142 локалните. Вака локалните власти во заминување ја искреирале градежната експанзија во општините со кои ќе престанат да раководат на 15, мај бидејќи им истекува мандатот. 

Државниот завод за статистика пресметал дека во март 2017 година биле издадени одобренија за градење на 929 станови со вкупна корисна површина од 75.886 метри квадратни. Споредено со истиот месец лани, бројката на предвидени станови за градење е зголемена за 76,3%, додека нивната површина пораснала за 78,4%. Идните живеалишта ќе ги градат првенствено деловните субјекти, кои успеале да добијат градежни дозволи за 542 станови.

Вкупно во бројки на издадени одобренија за градба не само настанови , токму пред локалните избори, општинските власти  само во месец март  издадале  384 одобренија, што е за 95,9 проценти повеќе во однос на истиот месец минатата година, објави Државниот завод за статистика.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 232 се наменети за објекти од високоградба, 63 за нискоградба и 89 за реконструкција.

На 245 објекти како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 139 инвеститори се деловни субјекти. Вредноста на изградените објекти според издадените одобренија,  изнесува 6.995.016 илјади денари што е за 139,1 отсто повеќе во споредба со март лани.

 

 

Слични содржини