Предлог за ручек: Мусака со тиквички, мелено месо и моцарела

од Stefanija Kuzmanovska

Состојки:

– 1 кг поголеми тиквички

– 500 гр мелено говедско месо

– 400 гр моцарела

– 2 главици кромид

– 4 јајца

– 400 мл кисела павлака

– 200 мл пасирани домати

– сол, бибер и други зачини по желба

– масло за пржење по желба

Подготовка:

Излупете ги тиквичките и исечете ги по должина на малку подебели кругови. Ставете ги во поголем сад, добро посолете ги и оставете ги да отстојат додека не пуштат вода. Потоа исцедете ги и исушете ги со хартиени крпи.

Кромидот ситно се сечка и се пржи на малку масло. Додадете го говедското месо, па пропржете го со кромидот додека не добие убава кафена боја. Додадете сол, бибер и други зачини по желба.

Додадете го пасираниот домат и гответе го на умерена температура додека не стане густ. По потреба додадете малку вода.

Јајцата се матат и се додава павлаката, се убаво се меша, а моцарелата се сече на тенки кришки.

На дното на подмачкан плех ставете ред тиквички, врз тиквичките намачкајте две-три лажици сос со месо, па прелијте со малку од смесата со јајцата и пвлката, па одозгора ставете ги прстените од моцарела.

Постапката повторете ја додека не ги потрошите сите намирници.

Ставете ја мусаката во рерна загреана на 180 степени и печете околу 40 минути.

Слични содржини