Предлогот за вонредна состојба уште не е стигнат во Собранието

од Aleksandar Todeski

Владиниот предлог за прогласување на вонредна состојба на територијата на целата држава се уште не е ситгнат во Собранието. Откако ќе стигне во Законодавниот дом предлогот, претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе има изјава за медиумите, по што ќе се знае дали ќе биде свикано Собранието или претседателот на државата, Стево Пендаровски ќе биде тој кој ќе одлучува дали ќе се прогласи вонредна состојба.

Претседателот Пендаровски пак, на социјалните мрежи извести дека ако Џафери го достави до него предлотог на Владата, тој ќе се обрати до јавноста во врска со вонредната состојба.

„Во моментов имам информација дека предлогот на Владата на РСМ за прогласување на вонредна состојба се подготвува и треба да биде доставен до Собранието. Доколку Собранието не се состане, претседателот на Собранието ќе го достави предлогот до мене, по што ќе се обратам до јавноста“, напиша Пендаровски.

Премиерот Оливер Спасовски претходно на прес конференција посочи дека прогласувањето вонредна состојба е потребно, бидејќи само така ќе може владата целосно да ги спроведе сите мерки предвидени за справување со коронавирусот.

А.Т.

Слични содржини